Како Украина ја одбележа 35-годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил?

Во Украина, на 26 април се одбележаа 35-годишнината од катастрофата во Чернобил во 1986 година.

Жена се моли на спомен-обележјето во Славутич посветено на пожарникарите и работниците кои загинаа во нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Луѓе во украинскиот главен град Киев присуствуваат на меморијалот на пожарникарите и работниците на 26 април, кои загинаа во катастрофата во 1986 година.

Една жена присуствува на комеморативна церемонија во Киев на 26 април, по повод 35-годишнината од катастрофата во Чернобил.

Православен свештеник ја води комеморацијата во напуштениот град Пријпијат по повод 35-годишнината од несреќата во Чернобил. Сместен во близина на централата, градот е евакуиран по катастрофата и останува град-дух.

Свеќи од бдеењето преку ноќ ја осветлуваат зграда во напуштениот град Припијат, во Чернобил.

Вработените во нуклеарната централа во Чернобил држат свеќи за време на меморијалот посветен на пожарникарите и работниците кои загинаа по катастрофата во Славутич.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети забранетата зона за да присуствува на церемонијата по повод 35-годишнината од несреќата во Чернобил. „Нашата задача е да сториме се што е можно за да ја зајакнеме безбедноста за никогаш да не повториме слична катастрофа во иднина“, рече Зеленски во телевизиското обраќање на 26 април.

Една жена во Киев ги брише солзите за време на комеморативната церемонија во Чернобил.

Среде пандемијатана ковид-19, луѓето носат заштитни маски за лице додека стојат на меморијалот за Чернобил во Киев на 26 април.

Украинци положуваат цвеќе во близина на споменикот во Киев во чест на оние кои загинаа во обидите за расчистување по нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Еден човек пали свеќи на централниот плоштад во градот-дух Припјат во близина на централата во Чернобил на 26 април.

Цвеќиња се поставени пред спомен-обележјето во украинскиот град Славутич, посветено на пожарникарите и работниците кои загинаа во нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Ветеран во напорите за расчистување поминува покрај споменик во чест на неговите паднати колеги.

Луѓето држат свеќи на споменикот на жртвите во Чернобил во градот Славутич.

На споменикот во Славутич, еден човек се сеќава на пожарникарите кои загинаа по нуклеарната катастрофа во Чернобил.