Иранска екс терористичка група има сојузници во Белата куќа

Иранската дисидентска група која своеверемено од Соединетите држави беше означена како терористичка организација добива наклоност од некои членови на Белата куќа. Станува збор за групата Муџахедин Халк која главно е базирана во Албанија.

Таа добива поддршката од советникот за национална безбедност Џон Болтон и од личниот адвокат на претседателот Доналд Трамп, Рудолф Џулијани кои имаат желба да го променат режимот во Техеран.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Иранска екс терористичка група во Албанија со поддршка од Белата куќа

Двајцата, како што јавува германската агенција ДПА, примиле десетици илјади долари од оваа група за да говорат и да се појават на собири и конференции што таа ги организира.

Во почетокот на месецов Џулијани говорел на конференцијата на Муџахедин Халк одржана во Албанија.

Пред две години на собир на оваа група во Париз Болтон изјави дека американската политика би требало да биде „соборување на режимот на мулите во Техеран“.

Болтон деновиве пак изјави:

„Ние ќе продолжиме да го зголемуваме притисокот врз иранскиот режим сè додека не се откаже од неговата програма за нуклеарно оружје и не ги прекине неговите насилни активности на Блискиот исток, вклучително и спроведување и поддршка на тероризмот ширум светот“.

Муџахедин Халк изведе серија терористички напади врз Иран, во кои беа убиени и американски државјани по што од 1997 до 2012 година се најде на списокот на терористички групи.

Групата беше формирана во шеестите години од минатиот век против тогашниот режим во Иран и беше поддржана од САД и некои западни земји.

По доаѓањето на ајатолах Хомени на власт во 1979 година околу 2 илјади припадници на Муџахедин Халк заминале во Ирак од каде што изведувале акции во Иран.

По интервенцијата на сојузниците во Ирак во 2003 година новата ирачка влада ппобара групата да си замине по што САД и најдоа ново засолниште во Албанија, администрацијата на претседателот Барак Обама ја тргнаа од списокот на терористички.

Администрација на Трамп ја прогласи Исламската ревоулционерна организација за терористичка група, потег кој бил советуван од Муџахедин Халк.

Како и да е, Трамп и државниот секретар Помпео се чини дека немаат врски со оваа група и се дистанцираат од неа.