Иран ги ограничи социјалните мрежи по протестите поради смртта на Махса Амини

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Иран делумно го ограничи пристапот до интернет и социјалните медиуми откако протести се проширија во најмалку 50 градови по смртта на 22-годишната жена која беше приведена од полицијата за морал во земјата. Махса Амини беше уапсена поради кршење на строгите религиозни закони во Иран со кои се бара од муслиманките да носат шамија на главата.