Зошто некои сметки за струја изгледаат нелогично?

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Надоместокот за пренос и дистрибуција на струја, односно таканаречената мрежарина, се наплаќал отсекогаш, но сега само е наведен како посебна ставка во сметката за струја, а претходно беше вкалкулиран во цената на струјата. Ако трошите 400 киловатчаса струја месечно – 200 киловатчаса скапа и 200 киловатчаса евтина, ќе платите околу 2600 денари месечно. Во случај, РЕК Битола да ви ја подари струјата, сметката ќе ви биде 1600 денари. Толку чини да ви ја донесат до дома. Со тие пари се покриваат загубите во мрежата.