Знамето на НАТО подигнато пред македонското Собрание

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Знамето на НАТО попладневно свечено беше подигнато пред македонското Собрание, откако пратениците едногласно го ратификуваа Северноатлантскиот договор - со 114 гласови „за“ и ниту еден против или „воздржан“. На свечената седница во Парламентот се обратија претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и пратеници од сите пратенички групи и поголеми политички партии. Покрај бројните гости од дипломатскиот кор, седницата како гости ја проследија и лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, кои не се пратеници.