Вработените во Јавното комунално претпријатие Солидарност од Виница ја добиле мајската плата – ни помалку ни повеќе, цели 100 денари. Тоа значи дека сите 102 вработени зеле 10.200 денари. Збогум сиромаштијо, може и ќе можат да тргнат нешто настрана. Испратете разгледница од Миконос и полека со шопипнгот, се шегуваат граѓаните на социјалните мрежи.
Има ли некој онлајн од Виница вработен у комуналец, да твитне збогум сиромаштијо.
— 🎸🎸Рокенрол Фирер 🎸 🎸 🤘 (@Zaumna_sila1) July 7, 2021
Од овие пари може да се извади плата само ако се уплати лото со нив. Вака ни јаже не може да купиме сами, забележуваат иронично други.
Градоначалникот на Виница и директорот на јавното претпријатие не се огласија во јавноста. Синдикатот информира дека претпријатието имало толку пари и тие им се исплатени на вработените за да не останат без здравствено осигурување. За денеска очекуваат средба со градоначалникот и со директорот за да најдат начин за подмирување на обврските.
Ќути можело и полошо. Пример у бонове да им ги дале тие 100 денари 😬
— Zoran Makedonski (@ZMakedonski) July 7, 2021
Сто и двајцата работници во виничкото комунално претпријатие „Солидарност“ добија плата од 100 денари за мај.И викате просечнава плата расте а?
— A.F.M. (@fanatikf1) July 7, 2021
Од Синдикатот на виничкото јавно претпријатие неофицијално велат дека сметката на фирмата е празна поради тужбите од сегашни и поранешни вработени кои стигнале за наплата. Се работи за сума од седум милиони денари. Тужбите се за период од последниве десет години за непочитување на колективниот договор - неисплата на К-15 и отпремнини.