Западен Балкан - Отворен Балкан

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во Охрид се одржа Самитот Отворен Балкан. Потпишани се договори за соработка од полето на културата и туризмот, за меѓусебно признавање дипломи и научни оценки, како и договор за борба против даночно затајување. Регионот заедно ќе се справува со економската криза и недостатокот на храна и енергија, порачаа лидерите на Македонија, Србија и Албанија. Како гости присуствуваа и премиерот на Црна Гора и српскиот член од босанското претседателство.