Веднаш по одлуката, претседателот Трамп на Твитер напиша дека ги запрашал неговите адвокати дали можат да го „одложат Пописот, без оглед на колку долго, се додека Врховниот суд не добие дополнителни информации од кои може да донесе конечна одлука за прашањето“.
Според федералниот закон, пописот мора да започне на 1 април догодина.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Трамп сака да го одложи пописот во САД
„Може ли некој навистина да верува дека како голема земја не можеме да прашаме дали некој е нејзин граѓанин или не“, праша Трамп на Твитер, одговорајќи:
„Само во Америка!“
Врховниот суд не вели дека прашањето не може да биде поставено, туку оти е недоволно образложението на администрацијата на Трамп за да се направи такво нешто.
Ник Кац од Хиспанската имигрантска адвокатура изјави:
„Денес, добивме одлука од Врховниот суд за нашиот случај и мислам дека тоа во голема мера е победа за нас“.
Противниците на идејата велат дека додавањето на прашањето ќе одврати многумина кои немаат американско државјанство да ги пополнуваат пописните формулари, поради што би имале помала застапеност во Конгресот.
Имено, пописот се корсити за одредување на бројот на местата на секоја сојузна држава во Претставничкиот дом, но и за распоредувањето на федералните фондови.
Администрацијата на Трамп претходно образложи дека прашањето се додава во пописниот формулар со цел подобро спроведување на Законот за право на глас, кој го штити пристапот на гласачите на малцинствата на изборите.
Но, Министерството за правда никогаш во 54-годишната историја на Законот за право на глас не побарало поставување на прашање за државјанство.