Д-р Хасан: Обезноста е болест која треба многу посериозно да ја третираме

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

За еден месец откако е отворен Центарот за менаџирање на дебелина во болницата „8 Септември“ во Скопје, прегледани се над 260 пациенти со обезност, односно со прекумерна телесна тежина. Речиси една третина од прегледаните биле на возраст од 14 до 18 години. Ендокринологот доц. д-р Танер Хасан од Центарот предупредува дека обезноста е болест на која треба многу посериозно да ѝ се посветат и пациентите и докторите