Граѓаните, трговците и производителите меѓу пластичните и хартиените ќеси

Граѓаните велат дека полека се навикнуваат да одат на пазар или во продавница со платнени торби или повеќекратно да користат подебели ќесиња

Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, од 1 декември 2021 година се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки за еднократна употреба на пазарот во Македонија

Дозволено е пуштање на пазарот на територијата на државата само на биоразградливи кеси за носење на стоки што се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, објавени во Правилникот за стандардите за биоразградливост

Пластични кеси за носење на стоки за кои се наплаќа надоместок од 15 денари и се задолжително биоразградливи се кесите што секојдневно се даваат на каса (на местото на продажба) при купување во мини маркети, супермаркети, гранапи, пиљарници, мали продавници за секојдневни намирници, пекарници, киосци, киосци за брза храна, зелени пазари, бензински станици со минимаркети

На пазарите во државата се уште има ќеси кои не се дозволени за употреба, а на пиљарниците во дел од маркетите се употребуваат т.н. пластични ќеси без рачки

Целта е намалување на употребата на пластиката, развивање позитивни навики за користење торби за пазарење за повеќекратна употреба согласно принципот загадувачот плаќа, објави Министерството за животна средина на денот кога Законот стапи во сила

Според законот со кој се регулираше употребата и продажбата на пластичните кеси, глоба во износ од 9.000 до 10.000 евра за микротрговци, од 18.000 до 20.000 евра за мали трговци, од 53.000 до 59.000 евра за средни трговци и од 89.000 до 98.000 евра за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице според прекршочни санкции од прва категорија, доколку податоците од евиденцијата на квартална основа на бројот на продадените кеси не ги пријавува кај стручниот орган согласно членот 10 став (5) од овој закон

Многу лесните пластични кеси за носење на стоки се целосно забранети. Тоа се кесите чијашто дебелина е пониска од 15 микрони, односноцоние кои се користеа за пакување/размерување на овошје и зеленчук на пример

Според прекршочни санкции од втора категорија, глоба во износ од 13.000 до 14.000 евра за микротрговци, од 25.000 до 28.000 евра за мали трговци, од 76.000 до 84.000 евра за средни трговци и од 126.000 до 140.000 евра за големи трговци ќе му се изрече за прекршок на правно лице, доколку пушта на пазар пластични кеси за носење стоки спротивно на членот 10 (кој забранува пуштање пластични кеси во употреба), произведува и/или пушта на пазар пакувања кои не се изработени согласно барањата

Надоместок од 15 денари за биоразградливите кеси, во поголем дел ќе оди во Фонд за заштита на животната средина

Пластични кеси за кои не се однесува надоместокот од 15 денари и стандардите за биоразградливост се оние кои се даваат на потрошувачите на каса во продавници за книги, облека, обувки, алати, електрична и електронска опрема, продавници за покуќнина, занаетчиски дуќани, за сувенири, уметнички галерии, за козметички производи, аптеки (земјоделски, за медицински помагала и сл.). Овие кеси се препорачува да бидат подебели (над 50 микрони) како би можеле да се употребуваат повеќекратно и да се отстранат во контејнерите за пластика (жолт контејнер) од каде би се однеле на рециклажа

Се уште има купувачи кои купуваат кеси по цена од 15 денари, но нивниот број е драстично помал од оној пред 2 месеци

Граѓани велат дека на некои од поголемите пазари, особено во Скопје, се уште можат да се купат пакувања од по 100 и 150 парчиња неразградливи кеси по 1 денар за кеса.

Цената на хартиените кеси во маркетите се од 8 денари па нагоре, а цената на платнените варира од маркет до маркет

Очекувано во овој период опаднало производството на пластични ќеси кај триесеттина фирми кои се занимаваат со производство и трговија со полиетиленски ќеси

Александар Боризовски, сопственик на фирма за производство на пластични ќеси, вели дека до крајот на месецот ќе биде принуден да отпушти околу 70 отсто од вработените

Марина Петровска, управителка на првата фирма во Македонија која почнала да произведува биоразградливи ќеси за различна употреба, вели дека од забраната за употреба на пластични ќеси, прометот опаднал за 60 отсто и дека после триесетгодишно работење, сега не гледа иднина за семејниот бизнис

Машините што се наменети за производство на пластика не може да ги пренаменам за друг вид на прозводство, појаснува Марина Петровска, управителка на првата фирма во Македонија која почнала да произведува биоразградливи ќеси за различна употреба

Колаж од фотографии од фабрика за производство на ќеси

Кесите за ѓубре не претставуваат кеси за носење на стоки и не се опфатени со овие мерки. И покрај забраната за ќесите наведени во законот, на многу локални депонии, особено диви, отпадот е спакуван токму во такви ќеси