Градоначалникот на Куманово позитивен на коронавирус

Максим Димитриевски

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски е позитивен на коронавирусот. Тој пред малку ја објави оваа информација на неговиот официјален Фејсбук профил.

„Почитувани сограѓани, драги пријатели, сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги соѓраѓани помеѓу кои сум и јас. Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против оваа заедничко зло, знам дека ќе го победиме, убеден сум во тоа, ве молам за воздржаност, нема простор за паника, барам од вас дисциплина, почитување на мерките и препораките за дистанца“, напиша Димитриевски.

Тој додава дека „нема простор за паника, ОШЗС ќе продолжи со својата работа во борба против Короната по препораките на епидемиолозите и стручните лица“.

Вчера во Куманово, на средба со градоначалникот Димитриевски беа премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министрите Венко Филипче и Арбр Адеми и Жарко Караџовски, претседателот на Комисијата за заразни болести.