Вучиќ ги почна консултациите за Влада

Српскиот претседател Александар Вучиќ

Консултациите за формирање на Владата на Србија почнаа денеска со состанок на српскиот претседател Александар Вучиќ со претставници на изборната листа „Албанска демократска алтернатива – Обединета долина“, предводени од Шаип Камбери.

Во наредните денови, Вучиќ ќе се сретне и со претставници на другите партии и листи кои обезбедија мандати на изборите – на СВМ, СПС, СПАС, Партијата за правда и помирување и СНС.