Во Хрватска свечено отворен Пељешкиот мост

Поглед на новоизградениот Пељешки мост во Комарна, јужна Хрватска.

Електричен автомобил „Невера“ од хрватско производство на новоизградениот мост Пељешац 

Пељешкиот мост меѓу Комарна на јадранскиот брег и Бријешта на полуостровот Пељешац се отвора 28 години откако се појави идејата за сообраќај што го поврзува Дубровник со другиот дел на Хрватска и две децении по започнувањето на првите проекти.

Се протега по морски теснец со ширина од 2.140 метри, а долг е 2.404 метри со навигациски профил под мостот од 200 на 55 метри, а главен и одговорен проектант е словенечкиот дизајнер Марјан Пипенбахер.

Мостот е дизајниран од Марјан Пипенбахер, словенечки експерт со меѓународни референци, а го изгради кинеската компанија CRBC (China Road And Bridge Corporation).

Мостот е интегрална хибридна конструкција со 13 распони, од кои пет се главни (централни) распони со должина од 285 метри, шест централно поставени армирано-бетонски столбови со висина од 33 метри и две ленти заедно со лента која ќе служи за одржување на мостот.

Изградбата на мостот чинела 402 милиони евра, од кои 357 милиони евра (85 отсто) се грантови од Европската унија.

Секој што сака да патува од север до крајниот југ на Хрватска во иднина нема да мора да ја преминува територијата на Босна и Херцеговина и границата кај Неум.

Властите на БиХ се спротивставија на изградбата на мостот, бидејќи се наоѓа веднаш до територијалните води на таа земја, на само неколку километри од Неум.

На граничниот премин кај Неум сега би можело да има помал сообраќаен метеж,  вообичаен за време на туристичката сезона.

Економските ефекти од изградбата на мостот Пељешац се во подобрата поврзаност на јужна Далмација со матичната земја, побрзиот проток на луѓе и стоки, ревитализација на животот на полуостровот Пељешац и дополнителна ревитализација на Корчула (Корчула на фотографијата).