Во Иран, се повеќе и повеќе жени го отфрлаат хиџабот
Оваа фотографија од 24 декември, на која млад брачен пар си игра со снег на рид над Техеран, е една од неколкуте неодамнешни слики на кои се прикажани Иранки во јавност без хиџаб, исламската покривка на главата која е задолжителна за жените во Иран од 1983 година.
Жена на пазар во Техеран на 5 декември.
Иран е потресен од повеќемесечни протести кои избувнаа во септември по смртта на Курдско-Иранката Махса Амини, која беше приведена од полицијата за морал во Техеран. Амини беше обвинете за носење тесни панталони и за неправилно облечен хиџаб.
Две жени, од кои едната ја извади шамијата, шетаат во Техеран на 6 декември.
Во 1983 година, исламистичката влада на Иран донесе декрет дека „жените кои се појавуваат во јавноста без верски хиџаб ќе бидат осудени на 74 удари со камшик“, иако кратките затворски казни се почеста казна.
Млада Иранка прави селфи пред новогодишни елки во Техеран на 25 декември.
Во последниве години, жените за кои полицијата за морал во земјата сметаше дека ги прекршуваат законите за покривање на главата беа принудени да присуствуваат на предавање на тема „Исламските вредности“.
Жена шета низ Техеран на 4 декември.
Во услови на големи немири по смртта на Амини, Иран очигледно ги намали патролите на моралната полиција во почетокот на декември. Мал, но се поголем број жени оттогаш излегоа на улиците пркосејќи на законот на исламската влада за марами на главата, носејќи само капи -- или воопшто не покривајќи ја главата.
Пар во Техеран на 6 декември.
На видео објавено на почетокот на декември се гледаат две жени како шетаат по една од централните улици во Техеран со непокриена коса, сцена која беше широко споделена во тоа време, но која сега се чини дека е релативно честа појава.
Жени разговараат во парк по снежните врнежи во Техеран на 24 декември.
Извештајот на Гласот на Америка цитира група за права со седиште во Вашингтон, која тврди дека патролите на полицијата за морал исчезнале од побогатите населби во Техеран во последните неколку недели.
Девојки во Техеран на 6 декември.
Но, во некои градови надвор од Техеран, ограничувањата за облеката очигледно остануваат во полна сила.
Девојка со волнена капа гледа две кучиња како си играат во парк во Техеран на 24 декември.
Неодамнешниот извештај на ИРНА, официјална иранска новинска агенција, опишува дека пет продавници во северозападната иранска провинција Казвин се привремено затворени како казна затоа што служеле жени кои не носеле хиџаб.
Девојка гледа во божиќни украси во Техеран на 25 декември.