Британскиот министер за здравство, Роберт Џенрик, изјави дека Велика Британија планира од средината на април да почне со тестирања за коронавирус на 25.000 лица дневно.
До сега за корнавирус се тестирани 143.186 Британци, над 25.000 биле позитивни, а бројот на смртни случаи е над 1.700.
„Важно е луѓето да се тестираат, не само оние кои можат да завршат во критична состојба, туку и здравствените работници кои ,очигледно, ни се неопходни“, рече Џенрик.