Бескаматни кредити за најпогодените сектори

Директорот на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов

Објавен е првиот повик за директна кредитна поддршка на микро, малите и средните претпријатија преку Развојната банка на Северна Македонија. Како што соопшти денеска директорот на Банката, Кире Наумов, во оваа прва фаза ќе се кредититраат најпогодените сектори: угостителство, туризам и товарниот транспорт, а целта е првично да го ги надминат проблемите со ликвдиноста. Аплицирањето може да почне
од ноќеска на полноќ

Висината на кредитите ќе зависи од големината на компанијата, односот од бројот на вработени, а минималниот износ е 3.000 евра. Микро компаниите со максимум 10 вработени ќе може да аплциираат за кредит од 3.000 до 5.000 евра, малите компании со 10 до 50 вработени за 10.000 до 15.000 евра, а средните компании со 50 до 250 вработени за кредит од 15.000 до 30.000 евра.

Каматата за кредитите е нула проценти, отплатата 24 месеци а грејс периодот шест месеци, изјави Наумов и додаде дека поддршката со бескаматните кредити ќе продолжи и ќе се прошири на другите сектори кои дополнително ќе се утврдат.

Поради ситуацијата со коронавирусот, а согласно препораките за заштита, аплицирањето за кредитите од јавниот повик ќе биде елеткронски, а потребната документација ќе се доставува на меил адресата: kreditiranjecovid1@mbdp.cm.mk.