Бектеши – Ако некој ја сфатил снимката со фудбалот како порака, тоа е негова работа

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Снимката на која министрите од ДУИ играат фудбал на мали голчиња во кабинетот на вицепремиерот Артан Груби не е порака до никого. Ако некој ја сфатил како порака, тоа е негова работа, вели министерот за економија Крешник Бектеши. На прашањето кој би победил во натпревар меѓу нив и тим на предводникот на „огнената група“ во нивната партија Изет Меџити, Бектеши вели дека ќе победи ДУИ под водство на Али Ахмети.