Балканот најзагаден во Европа, страдаат децата

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Дел од светските истражувања покажуваат дека во просек во Европа околу 15 проценти од смртните случаи од ковид-19 се должат на загадувањето на воздухот. Македонските граѓани, заедно со соседите во регионот од Косово и Босна и Херцеговина, дишат потоксичен воздух од нивните европски сограѓани. Пулмолозите предупредуваат дека загадениот воздух го олеснува патот на вирусите до белите дробови особено кај децата.