Авганистанци бегаат од талибанците во Кабул и во Пакистан

Раселените Авганистанци се туркаат за храна во Кабул.

Илјадници внатрешно раселени лица дојдоа во северниот дел на Кабул, во областа Хаир Кана на 11 август. Многумина допатуваа од Бадакшан, Баглан, Кундуз, Тахар и други авганистански провинции, кои беа совладани од талибанските милитанти.

Децата кои избегаа од неодамнешните борби, наоѓаат сигурност во главниот град на Авганистан, Кабул.

Внатрешно раселените авганистански семејства се одмараат во Кабул по бегството од провинциите Кундуз и Тахар, каде што се водеа борби меѓу талибанските милитанти и авганистанските безбедносни сили.

Некои авганистански семејства живеат во шатори во импровизираниот камп во областа Сара-е Шамали во Кабул.

Внатрешно раселените Авганистанци седат под нивните засолништа во кампот Сара-е Шамали во Кабул.

Луѓето кои бараат медицинска помош се собираат околу амбулантна кола во северниот дел на Кабул, Каир Кана, на 11 август.

Раселени Авганистанци во парк во Кабул.

Раселени деца од северните провинции на Авганистан се засолнуваат во јавен парк во Кабул.

Авганистанско дете добива медицинска помош во Кабул.

Деца се разладуваат додека си играат со црево во паркот Шахр е Нау во Кабул.

Авганистанка и дете во јавниот парк во Кабул.

Пакистанските безбедносни сили користат солзавец за да ги растераат раселените Авганистанци кои се собираа на границата со Пакистан на 12 август.

Луѓе заглавени на границата меѓу Авганистан и Пакистан на 11 август, откако беше затворен преминот Чаман. Гувернерот на Талибанците во сенка за провинцијата Кандахар издаде изјава една недела претходно, во која најави затворање на границата.

Авганистански семејства заглавени на границата меѓу Авганистан и Пакистан на 12 август. Талибанците ја презедоа контролата врз поголемиот дел од провинцијата Кандахар.

Возач поминува покрај камиони за Авганистан, заглавени на граничниот премин Чаман.

Пакистански војници на стража додека заглавените Авганистанци чекаат повторно отворање на граничниот премин на 12 август.

Талибанските борци ја презедоа контролата врз Газни, главниот град на провинцијата Газни, на 12 август. Газни се наоѓа на 150 километри југозападно од Кабул и има големо стратешко значење. Лежи покрај автопатот Кабул-Кандахар што го поврзува главниот град со упориштата на милитантите на југ.