Годината зад нас во Западен Балкан
Граѓаните палат свеќи во чест на жртвите од нападот во Цетиње на 1 јануари, кога беа убиени 12 лица, меѓу кои и две деца. Четири лица беа повредени. Сторителот си пукал во главата, по што починал на пат кон болница.
Осум лица загинаа, а седум беа повредени во пожар што избувна околу 3:30 часот наутро на 20 јануари во дом за стари лица во Велики Борк, во белградската општина Бараево. Во моментот на пожарот во објектот имало 30 лица.
Протест во Сараево на 16 февруари против благите казни за семејно насилство и фемицид. Ова беше трет собир на граѓани по убиствата во Калесија, во североисточна Босна и Херцеговина, кога Емир Селимовиќ ја уби својата 37-годишна сопруга Инела и нивниот 13-годишен син.
Оддавање почит на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Северна Македонија, 17 март.
Студентски протест под слоганот „15 за 15“ собра луѓе од различни делови на Србија во Белград на 15 март. Улиците на главниот град беа полни со луѓе во текот на целиот ден. Градскиот сообраќај не функционираше. Собирот беше обележан со спорадични инциденти од кои студентите се дистанцираа.Протестите започнаа по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година. 16 лица загинаа, додека едно беше тешко повредено.Протестите продолжија во текот на целата 2025 година.На фотографијата: Протест на Славија во Белград на 15 март, фотографиран од воздух.
Осумнаесет лица ги загубија животите во смртоносна лавина од нелегален каменолом што ја затрупа населбата Доња Јабланица, во јужна Босна и Херцеговина, на 4 октомври 2024 година. Шест месеци подоцна, една од тешко оштетените куќи сè уште чека да биде поправена, на 29 март.
Парада на гордоста во Сараево, Босна и Херцеговина, 14 јуни.
Протест пред косовскиот парламент пред 41-от обид за формирање парламент, 2 јули.
Само за неколку дена, преспанското село Доње Перово беше запалено седум пати. Најновиот пожар, кој го зафати природниот резерват Езерани, изгоре над 500 хектари земјиште на 29 јули.
Граѓаните во Белград се збогуваа со Габи Новак со нејзините песни и со цвеќиња, 12 август.
Отворање на 31-от Сараевски филмски фестивал во главниот град на Босна и Херцеговина, 15 август
На 13 октомври, во Народниот театар во Сараево се одржа комеморација за Халид Бешлиќ, гигант на народната музика во регионот и хуманитарец, кој почина на 7 октомври на 72-годишна возраст.
Антитурски протест во Подгорица, Црна Гора, 28 октомври.Спирала на насилство врз турските граѓани започна на 26 октомври, по тепачка во која, според обвинителството, турски и азербејџански државјани полесно повредија жител на Подгорица.
Повеќе од 10 лица загинаа, а повеќе од 30 беа повредени во пожар што избувна на 4 ноември околу 20:45 часот на седмиот кат од Домот за стари лица во Тузла, Босна и Херцеговина.
Лидерот на Самоопределување, Албин Курти, гласа на вонредните парламентарни избори во Косово на 28 декември, на кои партијата победи со речиси 50 проценти од гласовите.
Божиќни елки со украси за „Божиќното село“ што властите ги поставија пред српскиот парламент наместо шаторите што беа таму поголемиот дел од годината како дел од проширениот „Кациленд“, 29 декември.