Во украински Харкив на училиште во метро

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Поради опасност од постојани руски напади, некои ученици во источниот украински град Харкив ја започнаа учебната година во метро станиците. По целосната инвазија на Русија, многу украински училишта се префрлија на онлајн учење. Додека учениците се враќаат на наставата лично, градските власти најавија дека некои часови ќе се одржуваат под земја од безбедносни причини.