Уставниот суд воведе привремена мерка до 31 март по декретот на претседателката Вјоса Османи за распуштање на Собранието на Косово.
Судот изјави дека одлуката е донесена по службена должност и дека ѝ забранува на претседателката Османа каква било акција поврзана со деретот од 6 март, како и на Собранието на Косово за каква било акција сè додека е на сила привремената мерка.
Судот објави дека мерката останува на сила сè додека не се донесе конечна одлука во овој случај и дека е воведена „за да се спречи непоправлива штета на уставниот поредок на Косово и демократското функционирање на клучните институции во земјата“.
Ова значи дека Османи не може да го објави датумот на нови избори додека е на сила мерката, бидејќи таа го распушти Собранието со декрет што владејачката партија на премиерот Албин Курти, Движењето Самоопределување, го оспори пред Уставниот суд.
На седницата одржана на 5 март, владејачката партија ги претстави двајцата кандидати за претседател: Глаук Коњуфца и Фатмира Колчак-Муљаж, откако претходните разговори меѓу Курти и двете главни опозициски партии - Демократската партија на Косово и Демократскиот сојуз на Косово - за заеднички, консензуален кандидат не дадоа резултати.
Седницата беше прекината поради недостиг на кворум, бидејќи опозициските партии ја напуштија.
Видете и ова: Османи со декрет го распушти Собранието на КосовоНекои правници толкуваат дека Собранието мора да го избере претседателот во рок од 60 дена од почетокот на седницата наменета за избор на претседател.
Поранешниот претседател на Уставниот суд, Енвер Хасани, за Радио Слободна Европа на 6 март изјави дека декретот на претседателката на Косово е „неуставен“.
Според него, Османи немала право да го распушти Собранието, а пратениците имаат 60 дена, почнувајќи од 5 март, за да го изберат претседателот.
Претседателот на Косово се избира со двотретинско мнозинство во првите два круга или со 61 глас во третиот круг, но за да се одржи седницата во салата мора да бидат присутни 80 пратеници.
Видете и ова: Конституирано Собранието на Косово, Курти повторно премиерЗа опозициските партии, двете фигури презентирани од владејачката партија беа неприфатливи, па затоа инсистираа на политички договор или кандидат околу кој ќе се постигне консензус.
Самата Османи се стремеше кон втор мандат, но никој не ја предложи. За владејачката партија, таа немаше потребна поддршка, додека другите партии сметаа дека таа не го претставува единството што се очекува од претседателот на државата.