Тепачка пред резиденцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

На тревникот пред резиденција на турскиот амбасадор во Вашингтон дојде до тепачка откако обезбедувањето и поддржувачите на претседателот Реџеп Таип Ердоган нападнале курдски и ерменски демонстранти. Две лица се уапсени. Инцидентот се случи во момент кога Ердоган беше во Белата куќа, каде што тој ја критикуваше поддршката на САД за курдските сили во Сирија.