Кери - иранците ќе имаат корист од нуклеарниот договор

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Американскиот државен секретар Џон Кери вели дека може да се очекува меѓународните санкции врз Иран да почнат да се укинуваат најрано во следните шест месеци. „Постојат одредени работи кои Иран треба да ги направи, што треба да ги направи Меѓународната агенција за атомска енергија, тие работи треба да се решат, пред санкциите да се укинат“, вели Кери во интервју за Гласот на Америка на персиски јазик. Пред да се укинат санкциите според договорот, за договорот треба да гласа и американскиот Конгрес. Интервјуто го води Сетаре Дерашеш од Персискиот Сервис Кери истакна некои од придобивките кои ќе ги донесе договорот откако ќе се одобри и ќе биде имплементиран. Тој вели дека со него ќе се подобри стандардот на луѓето, а ќе има влијание и врз стопанството, трговијата, патувањето, инвестициите.