Суд во Киев ѝ наложи на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко да плати кауција од 760.000 долари за да избегне притвор за обвиненијата за нудење поткуп на пратеници.
Одлуката од 16 јануари следеше откако два дена претходно украинските антикорупциски власти објавија дека Тимошенко е осомничена за организирање „системски механизам за обезбедување несоодветни бенефиции за пратениците во замена за нивно лојално однесување за време на гласање“.
Доколку биде прогласена за виновна, таа ќе се соочи со затворска казна од пет до десет години.
Тимошенко, харизматична лидерка на опозициската партија Баткившчина (Татковина) и трикратен претседателски кандидат, негираше какво било кривично дело и вети дека ќе докаже оти доказите против неа се фалсификувани.
Во објава на социјалните мрежи на 15 јануари, таа посочи дека нејзините банкарски сметки се блокирани поради што не може да плати кауција. Но, нејзините адвокати подготвуваат жалба против налогот за кауција, а таа не мора да плати додека се разгледува жалбата. Тимошенко не беше испратена во притвор ниту пак ѝ беше наредено да носи електронска нараквица.
Видете и ова: Тимошенко нема да ги оспори резултатите од изборитеСепак, на сила се некои мерки. На пример, не ѝ е дозволено да го напушти регионот на Киев или да комуницира со голем број пратеници. Таа исто така мора да ги информира властите за каква било промена на нејзината работа или место на живеење.
Утрото на 14 јануари, по претресот во канцелариите на нејзината партија во Киев, Тимошенко обвини дека дејствијата против неа се резултат на „политичка наредба“. Нејзината партија е трета по големина во парламентот.
Тимошенко беше клучна фигура во продемократската Портокалова револуција во Украина во 2004 година, но и контроверзен лик во профитабилната гасна индустрија во земјата. Беше премиерка пет месеци во 2005 година, а потоа од 2007 до 2010, беше во затвор под обвинение за злоупотреба на службената должност во време на претседателскиот мандат на прорускиот лидер Виктор Јанукович.
Многу меѓународни организации обвинија дека случајот против Тимошенко бил политички мотивиран, а таа беше ослободена по масовните протести што го соборија Јанукович од власт во 2014 година.
Откако беше поразена на претседателските избори во 2010 година од Јанукович, таа повторно се кандидираше во 2016, но се најде на второто место со само 13 проценти од гласовите – губејќи од Петро Порошенко. На следните избори, во 2019 година, кога Володимир Зеленски беше избран за претседател, Тимошенко беше третопласирана.