Третата недела од војната во Иран низ фотографии
Полициски службеник проверува дел од иранска ракета што паднала во дневна соба во Реховот, Израел, 20 март.
Пропаганден билборд во Техеран фотографиран на 16 март
Француски војници на 16 март го носат ковчегот обвиткан со знаме на Арно Фрион, војник убиен во ирански напад со беспилотни летала врз курдска база во североисточен Ирак на 12 март.
Четириесет и двегодишникот бил дел од воен контингент распореден во регионот на Ирак Курдистан за борба против потенцијално повторно појавување на екстремистичката група Исламска држава.
Авион се подготвува за слетување додека облаци од чад се креваат во близина на меѓународниот аеродром во Дубаи на 16 март.
Откако започнаа нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, Техеран лансираше вкупно повеќе од 2000 беспилотни летала и ракети кон Обединетите Арапски Емирати, при што загинаа најмалку осум лица, велат властите во оваа држава од Персискиот Залив.
Ожалостените го носат завитканото тело на Али Шамкани за време на неговиот погреб во Техеран на 14 март.
Шамкани беше клучна фигура во безбедносната и нуклеарната политика на Иран. Тој беше убиен во израелски напад на 28 февруари.
Фотографите го следат американскиот бомбардер додека се подготвува да слета во воздухопловната база Ферфорд во Глостершир, Обединето Кралство, на 17 март.
Лондон им одобри на САД дозвола да ја користат базата Ферфорд и воздухопловните полиња во Диего Гарсија, во Индискиот Океан, за тековните напади врз Иран.
Дел од проектил на покрив покрај Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим (метална купола во позадина) на 16 март.
Се верува дека црквата се наоѓа на местото каде што бил распнат Исус.
Пумпи на бензинска пумпа во Сиднеј, Австралија, на кои им снема гориво на 20 март.
Тековниот конфликт на Блискиот Исток предизвикува спирален пораст на цените на горивата на глобално ниво, а многу Австралијанци складираат гориво во очекување на понатамошно зголемување на цените.
Израелски безбедносен персонал се собира околу ракета што падна во поле на Голанската Висорамнина, на границата со Либан, на 19 март.
Масивна експлозија од напад, снимена со мобилен телефон од жител на Техеран и објавена онлајн на 14 март.
Пожар избувна пред дворот на американската амбасада во ирачката престолнина Багдад на 17 март по напад со беспилотни летала и ракети врз објектот.
Спасувачите на 16 март работат на местото на нападот што уништи зграда во Техеран.
Срамнети со земја куќи во либанско село во близина на границата со Израел,17 март.
Паралелно со војната со Иран, од 28 февруари има ескалација на конфликтот меѓу Израел и милитантите на Хезболах, поддржани од Иран.
Сцена од засолниште од бомби во Тел Авив, Израел, за време на воздушна тревога на 19 март.
Демонстрации против иранската влада во Њујорк на 15 март.
Експлозија потресе зграда во Бејрут, Либан, за време на израелските воздушни напади врз градот на 18 март.
Персонал на американските воздухопловни сили ракува со воздушна бомба во базата Ферфорд на 16 март.
Работник во воздухопловната база во Манила помага во сортирање на багажот на Филипинци кои се враќаат во својата земја по летот за репатријација од Обединетите Арапски Емирати на 19 март.
Жена на гробишта во Техеран на 16 март држи портрет од својот син, за кој се вели дека бил убиен во американско-израелски напад.
Ожалостените се собираат во центарот на Техеран на 18 март за време на погребот на Али Лариџани. Шефот на иранската безбедност беше убиен во израелски напад на 17 март 2026 година