Собранието под работничка блокада

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Со по 21 човек на две локации, Сојузот на синдикати на Македонија денеска (10 февруари) го блокираше Собранието. Работниците бараат минималец од 600 евра и покачување на останатите плати за 6000 денари. Задутре излегуваат на нова блокада, која е најавена за пред Стопанската комора. Идниот вторник ќе блокираат пред Владата. Блокадите следуваат и покрај договорот на Владата со дел од синдикатите со кој над 10.000 административци ќе потпишат индивидуални договори за процентуално зголемување на платите секоја година.