Расте бројот на настрадани од земјотресот во Авганистан

Маж го носи безживотното тело на своето дете, кое на 8 октомври загина за време на земјотресот во селото Сарбуланд во областа Зиндах Јан во провинцијата Херат.

Хуманитарните работници стигнаа до некои области погодени од земјотресот во западен Авганистан и почнаа да дистрибуираат храна за погодените додека спасувачките напори продолжија откако серијата силни потреси убиле најмалку 2.000 луѓе.

Авганистански мажи бараат жртви од земјотресот во Зинда Јан.

Вахид Амани, портпарол на Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP), изјави за РСЕ дека досега е доставена итна помош до неколку стотици луѓе во провинцијата Херат.

„Подготвени сме да доставиме итна помош во храна на околу 20.000 луѓе“, рече Амани, додавајќи дека Агенцијата за храна на ОН е подготвена да го зголеми тој број на 70.000 луѓе.

Човек плаче за време на операциите за пребарување и спасување.

Ожалостените седат покрај гробовите по погребните молитви за нивните роднини.

Тимови на Светската здравствена организација (СЗО) на ОН се упатија кон областите на Херат кои беа најтешко погодени од земјотресите. Вработените во СЗО веќе се на терен и помагаат во напорите за спасување и лекување на луѓето кои се уште се под урнатините, изјавија за РСЕ од авганистанскиот огранок на организацијата.

Авганистанците копаат гробови за жртвите од земјотресот.

СЗО објави дека бројот на засегнати е повеќе од 11.000 луѓе.

Авганистанците се молат за роднините кои загинаа во земјотресот  во Зинда Јан.

Подрачјето е тешко достапно, а локалните власти дадоа контрадикторни податоци за жртвите од серијата земјотреси во областа. На 8 октомври, член на владата предводена од Талибанците рече дека ажурираниот број на загинати надмина 2.000.

 Еден авганистански млад човек ја држи својата мачка додека седи во дворот на неговиот уништен дом.

Мула Џанан Сајек, портпарол на Министерството за катастрофи на Талибанците, на прес-конференција изјави дека загинале 2.440 луѓе, околу 10.000 се повредени, а повеќе од 2.000 куќи биле оштетени или уништени. Авганистанската агенција за катастрофи на 8 октомври соопшти дека загинале 2.053 луѓе.

Ниту една проценка не можеше да биде независно потврдена.

Авганистанци во потрага по затрупани

Човек ја гледа штетата од земјотресот на неговата куќа.

Епицентарот на првиот земјотрес бил на околу 40 километри северозападно од Херат, кој има околу 700.000 луѓе во градот и околината. По него следеа најмалку три големи последователни потреси.

Авганистанските жители ги чистат остатоците додека ја продолжуваат потрагата по тела во урнатините на домовите уништени за време на земјотресите.

 

Поглед на куќа оштетена во серијата земјотреси.

Авганистанските жени тагуваат за смртта на роднините кои загинаа во земјотресите.

Мажи бараат предмети за спасување додека денот се претвора во ноќ.

Геолошкиот институт на САД го забележа најголемиот од земјотресите со јачина од 6,3 степени, а последниот последователен потрес дојде на околу 30 километри североисточно од градот Зинда Јан, кој има население од околу 70.000 луѓе.

Авганистанец бара жртви.

Портпаролот на управата за катастрофи, Мохамад Абдула Џан, рече дека во четири села во областа Зинда Јан во провинцијата Херат биле најголемите последици од земјотресот и последователните потреси.

Меѓународните хуманитарни организации се обидуваат да обезбедат помош за жртвите во западен Авганистан по серијата силни земјотреси кои оставија големи разурнувања. Наводно, повеќе од 2.000 луѓе загинале во најголемата природна катастрофа во земјата во последните години.