Русија ја обвини Украина дека користела поморски дронови за напад врз носач на течен природен гас покрај либискиот брег, што довело до негово потонување.
Либиските пристанишни власти соопштија дека носачот потонал по „ненадејни експлозии“ северно од пристаништето Сирт.
„Танкерот „Арктик Метагаз“ доживеал ненадејни експлозии проследени со масивен пожар, што на крајот довело до негово целосно потонување“ во вторник вечерта, соопштија властите.
„Уништувањето на бродот се случил во поморската област помеѓу Либија и Малта, во рамките на либиската зона за пребарување и спасување приближно 130 наутички милји (240 километри) северно од пристаништето Сирт“, додадоа властите.
Видете и ова: Петмина загинати во најновите руски напади во УкраинаМосква го обвини Киев за инцидентот, велејќи дека танкерот бил нападнат од дронови лансирани од Либија.
„Нападот врз него бил започнат од либискиот брег од страна на украински поморски дронови“, соопшти руското Министерство за транспорт.
Руското министерство соопшти дека носачот бил натоварен и на пат од северното руско пристаниште Мурманск.
Сите 30 членови на екипажот се спасени, соопштија малтешките и руските власти.