Претседателот на Бугарија, Румен Радев, поднесе оставка од функцијата.
Ова тој го соопшти во вонредно телевизиско обраќање во понеделникот, најавувајќи дека официјално оставката ќе ја достави следниот ден, во вторник.
Ваквата вест доаѓа во време на чести коментари во јавноста дека претседателот се подготвува да ја предводи својата партија, со која ќе се кандидира на претстојните предвремени парламентарни избори.
За време на својот говор, тој не кажа директно дали ќе го стори тоа.
„Денес, за последен пат, ви се обраќам како претседател на нашата Бугарија“, рече тој.
Видете и ова: Бугарија оди на нови парламентарни избориРадев го обвини „злобниот модел на управување“ и олигархијата за фактот што „Бугарите престанаа да гласаат“, „не се потпираат на медиумите и правдата“ и за „преплавување на плоштадот“ во 2020 и 2025 година.
Според него, со заедничката влада на ГЕРБ и Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) од 2023 година, разликата помеѓу корумпираните луѓе и борците против корупцијата беше избришана.
„Бугарија го заврши процесот на својата европска интеграција, за што сите редовни и привремени влади работеа напорно [во текот на изминатите 9 години]. Сега сме членки на Шенген и еврозоната. Прашањето е зошто постигнувањето на овие цели не донесе стабилност и задоволство“, додаде тој.
Тој, исто така, ги критикуваше пратениците за отфрлање на неговиот предлог за референдум за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година.
„Денешната политичка елита ги предаде надежите на Бугарите. Две третини од граѓаните повеќе не гласаат. Потребен е нов општествен договор. Нашата демократија нема да преживее ако ја оставиме на корумпирани луѓе, компромисисти и екстремисти. Тоа зависи од личната посветеност на секој од нас. Вашата доверба ме обврзува да ја заштитам државноста, институциите и нашата иднина“, рече Радев.
Тој додаде дека „ова е пресвртница во психологијата на народот“.
„Затоа, време е да се стави крај на помирувањето, рамнодушноста и индивидуалното спасение. Да се напуштат поделбите што нè закотвуваат во минатото“, додаде Радев.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Нови протести во Бугарија по повторното предлагање на контроверзниот буџет
Откако официјално ќе ја поднесе оставка, потпретседателката Илијана Јотова треба да ја преземе неговата функција до крајот на својот мандат кој истекува на крајот од годината.
„Убеден сум дека Илијана Јотова ќе биде достоен шеф на државата и сакам да ѝ се заблагодарам за нејзината поддршка во текот на овие девет години“, додаде Радев.
„Нè очекува битка за иднината на татковината. Подготвени сме, можеме и ќе успееме“, додаде тој, пред да го заврши својот говор.
Оставката на претседателот доаѓа неколку недели пред претстојните предвремени избори, кои ќе се одржат кон крајот на март или почетокот на април. Новите избори следуваат откако владата составена од ГЕРБ, Бугарската социјалистичка партија (БСП), Има таков народ (ИТН) и Движењето за права и слободи (ДПС), која Радев често ја критикуваше, поднесе оставка по масовните протести во декември 2025.
Досега, Радев се изјаснуваше против моделот на корупција и споделуваше конзервативни и проруски ставови.
Во 2020 година, тој ги поддржа протестите против третата влада на ГЕРБ со премиерот Бојко Борисов и против тогашниот главен обвинител Иван Гешев.
Во 2021 година, Радев беше повторно избран на функцијата. По почетокот на војната на Русија против Украина во 2022 година, тој често заземаше проруски позиции. Исто така, ги делеше истите ставови со конзервативните политичари од Европа.
За време на неговиот втор мандат, Радев продолжи да се спротивставува на Борисов и лидерот на ДПС, Дељан Пеевски, кој беше санкциониран за корупција од страна на САД и Велика Британија. Радев е во конфликт со Пеевски од почетокот на 2024 година, при што двајцата разменуваат обвинувања за корупција.
Противниците на Радев често го обвинуваат за договорот за снабдување со гас со руската компанија „Боташ“, кој Бугарија го склучи за време на неговата привремена влада. Тој ја обврзува Бугарија да ѝ плаќа на Турција околу 1 милион лева (речиси 500 илјади евра) дневно како надоместок за пристап до нејзината инфраструктура за пренос на природен гас.
Видете и ова: Немало таков протест во БугаријаВо мај 2025 година, Радев иницираше нелегален референдум за усвојување на еврото. Парламентот го отфрли неговото барање, а на 1 јануари 2026, Бугарија официјално се приклучи на еврозоната.
Во ноември лани, претседателот навести дека можеби ќе формира своја партија бидејќи „луѓето насекаде го бараат тоа“. Во исто време, тој се дистанцира од сите политички и граѓански движења за кои во последните години се шпекулираше дека се основаат за таков политички проект во иднина.
На крајот од годината, Радев рече дека ќе ја претстави својата партија „кога најмалку се очекува“.