И без Мадуро, Венецуела би можела да ги задржи блиските односи со Москва

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во текот на повеќе од две децении, Русија изгради длабоки врски во воената, енергетската и политичката елита на Венецуела - врските, според аналитичарите, би можеле да ѝ овозможат на Москва да го задржи влијанието дури и по апсењето на претседателот Николас Мадуро од страна на САД. Но, некои аналитичари велат дека Кремљ веројатно ќе ја изгуби главната улога што некогаш ја играше, бидејќи од САД би се очекувало да одговорат на начини што би можеле да ѝ наштетат на Русија.