Поштарот сѐ поретко ѕвони, ниските плати ги избркаа поштарите

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Со сопствено возило, искинати торби и прастари униформи, поштарот Сашо Смилевски веќе 34 години разнесува писма во реонот на населба Лисиче. Пратките на граѓаните доцнат и поради недостигот на поштари. А нивните ниски плати се причината поради која тие си одат.