Операција Барбароса: Нацистичката инвазија врз СССР пред 80 години

Оваа фотографија - на германски војници како влечат топ покрај советски граничен камен - е една од првите слики направени од операцијата „Барбароса“, нападот врз Советскиот Сојуз, кој беше започнат зори на 22 јуни 1941 година

Германските војници гледаат како гори советско село во јуни 1941 година.

Барбароса беше најголемата воена копнена инвазија во историјата. Околу 3,8 милиони војници, илјадници тенкови и авиони и повеќе од половина милион коњи напредуваа низ цела Источна Европа, од Финскиот Залив до Црното Море.

Нацистички војник со граната вметната во чизмата се движи низ советско село во јуни 1941 година.

Барбароса беше делумно мотивирана од расна омраза кон она што нацистичкото раководство го сметаше за „потхуман“ словенски народ. Во нацистичкиот „главен план за истокот“, повеќето Словени требаше да бидат убиени или поробени, а огромните територии на Советскиот сојуз да бидат населени со етнички Германци.

Хајнрих Химлер и другите офицери разгледуваат план за етнички германски рурални населби на советска територија во март 1941 година.

Инвазијата траеше со години, а беше навестена во манифестот на нацистичкиот водач Адолф Хитлер, Мајн Кампф, од 1925 година, кога тој напиша: „Ако денес зборуваме за ново тло и територија во Европа, можеме да мислиме првенствено само на Русија и нејзината вазални држави“.

Нацисти со мотори се возат покрај запален советски тенк во јуни 1941 година.

И покрај добиените десетици предупредувања за претстоен напад, инвазијата на 22 јуни го запрепасти советскиот лидер Сталин, кој наводно исчезнал во својата селска куќа два дена по инвазијата.

Советски граѓани се упатуваат кон фронтовите вооружени со пушки Мосин-Нагант од царска ера.

Со објавувањето на инвазијата на своите граѓани, советското раководство се повика на народниот патриотизам повикувајќи на одбрана на „нашата сакана земја“, наместо на вообичаените апели за меѓународен социјализам или за Сталин.

Единици на Црвената армија напредуваат против нацистичките.

Откако Сталин излезе од својот очигледен шок и го презеде водството, борците на Црвената армија беа соочени со нацистичката воена машина, но и со нивните политички комесари , кои беа овластени да убиваат дезертери на самото место и да ги апсат нивните семејства.

Советски бомбардер Туполев беше соборен за време на борбите во Березина во јули 1941 година во денешна Белорусија.
 
 

Цивили се засолнуваат од воздушно бомбардирање во метро-станицата Мајаковска, кога нацистите се приближуваат до Москва во август 1941 година.

Група советски затвореници. Околу половина од советските воени заробеници што ги држеше Германија починаа во заробеништво, во споредба со помалку од 4% стапка на смртност за затвореници од САД и Британија

Нацистички трупи влегуваат во пресметка на железничката пруга Москва-Смоленск во август 1941 година. Советски тенк КВ-1 е сликан на сред пукање.

И покрај предвидувањата на Хитлер за брзо заземање на Москва и Ленинград (сега Санкт Петербург), нацистичките трупи наскоро се соочија со жесток отпор и не беа во можност да заземат ниту еден град.

Германски офицери се обидуваат да извлечат возило од калта кон крајот на 1941 година.

Како што почнаа да паѓаат есенски дождови, нацистичките команданти беа принудени да се повлекуваат бидејќи „генералот кал“ и одмаздоубивите советски борци го заглавија германскиот напредок.

Војници на Црвената армија поддржани од тенк Т-34 напредуваат низ село во голем контранапад против нацистичките натрапници.

Иако многу историчари сметаат дека есента и зимата 1941-42 година се почеток на крајот за инвазијата на Хитлер врз Советскиот Сојуз, човечките страдања беа само почеток.

Мажите пристигнуваат да ги соберат телата на жртвите од опсадата на Ленинград во октомври 1942 година.

Бидејќи не успеаја да го заземат Ленинград, силите предводени од нацистите го опколија  градот со цел да го изгладнуваат населението.

Овие страници се од дневникот на Тања Савичева, девојче што го хронизираше умирањето - еден по еден - на нејзините шест членови на семејството за време на опсадата во Ленинград. Горе лево ја означува смртта на нејзината сестра Ѓења на „28 декември напладне 1941 година“. Последните две страници од долната десна страна велат: „сите се мртви .... Само Тања остана“. Починала набргу потоа од цревна туберкулоза.

Германски офицери и војници се подготвуваат да ги погубат Марија Брускина и Владимир Шчербацевич, членови на антинацистичкиот отпор во Минск во октомври 1941 година.

Набргу по апсењето на Брускина, еврејската тинејџерка ѝ напиша на својата мајка: "Се колнам дека нема да имаш повеќе непријатност поради мене. Ако можеш, те молам испрати ми го мојот фустан, зелената блуза и белите чорапи. Сакам да се облечам пристојно кога ќе заминам од тука “.

Мајка се обидува да го заштити своето дете од нацистичките куршуми неколку моменти пред да биде убиена на полето во близина на Ивангород, Украина. Лево е телото на друга жена, а десно група луѓе очигледно копа гроб.

Нацистичките одреди на смртта - во некои случаи поддржани од локално население - погубија милиони луѓе, особено насочени кон Евреите и „Азијците“ во годините по инвазијата на Барбароса.

Евреин кој треба да биде погубен во Виниција, Украина

Британскиот историчар и автор Џонатан Димблеби вели дека за злосторствата извршени од нацистите - и во помала мера одмаздоубивата Црвена армија за кои истражувал - „е тешко подносливо да се зборува“.

Една руска партизанка откако била мачена и обесена од нацистите.

Димблби забележува дека членовите на нацистичките одреди на смртта "не биле пијаници извлечени од улица или зависници од дрога кои немале ментален капацитет што ќе ни овозможи да им судиме. Овие беа образовани луѓе, тие беа луѓе кои беа лекари кои беа на универзитет, беа државни службеници, кои доброволно се пријавија за оваа задача“.

Војници на Црвената армија во зимска камуфлажа патролираат во центарот на Сталинград во 1943 година.

Битката за Сталинград, извојувана од Црвената армија, беше знакот за запирање на нацистички напредок во Советскиот Сојуз. Од пролетта 1943 година наваму, германските  сили беа принудени на повлекување и советската војска на крајот ќе ги истурка сè до Берлин.