„Нè тепаат и протеруваат“: РСЕ со мигранти на српско-македонската граница

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Луѓето што мигрираат и невладините активисти сведочат за Радио Слободна Европа (РСЕ) за насилството на српската полиција на границата со Северна Македонија. Иако српското Министерството за внатрешни работи негира насилно протерување на луѓе во соседна Северна Македонија, бегалците со кои разговараше РСЕ од двете страни на границата го тврдат спротивното. По граничната линија патролираат и полициите на европските земји, а Србија во 2020 година почна да гради жичана ограда. И покрај тоа, луѓето сè уште се обидуваат и околу 50 дневно успеваат да преминат од Северна Македонија во Србија, од каде го продолжуваат своето патување до земјите на Европската унија. Сниматели: Славен Миљуш и Горан Стефановиќ, монтажа: Ана Тојдер, графика: Берин Теровиќ.