Нови протести во Бугарија по повторното предлагање на контроверзниот буџет

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Илјадници луѓе се собраа во Софија откако пратениците повторно го претставија буџетскиот план што предизвика големи протести претходно овој месец. По демонстрациите на 18 декември, буџетот брзо беше повлечен. Протестното движење - најголемо во Бугарија во последните години - веќе ја принуди владата да поднесе оставка, но останува на должност до изборите планирани за следната пролет.