Раскошно: Македонски монахињи прават капи за епископи

Калуѓерка се моли во црквата Свети Ѓeорѓи Победоносец, дел од манастирот Рајчица.

Сестра Ефимија (лево) капите создадени овде ги нарекува „наши круни“. Тие ги носат епископите во православните, католичките и англиканските цркви, како и православните патријарси.

Калуѓерка шие скапоцени камења и мали икони во митра.
 

Калуѓерка користи софтвер за да дизајнира митра. Најчестиот стил на митра во православната црква се заснова врз затворената империјална круна на доцната византиска империја.

Калуѓерка вденува нишка во машина што се користи за везење на дамаската ткаенина на митрата. Секоја шема е украсена со четири икони на кои се претставени Исус, Марија, Јован Крстител и Светиот крст.

Калуѓерка го проверува везот на ткаенината. Според сестра Ефимија, митри од Северна Македонија ги носат бискупите и архиепископите во Русија, САД, Источна и Западна Европа и Африка. Таа вели дека раскошниот византиски стил е високо ценет во грчката православна црква.

Калуѓерките во манастирот се вклучени во подготовката, дизајнот, везот и украсувањето на капите. „Тоа е нашиот главен завет и најголемиот дел од нашето постоење тука во манастирот“, вели сестра Ефимија. „Создадовме повеќе од 1.600. Секој е единствен, бидејќи секој епископ има свој стил, свои барања и ние се обидуваме да ги исполниме нивните барања“.

Во рамките на манастирот има цркви посветени на Свети Ѓорѓи и Свети Јован Бигорски. „Храмот на нашиот патрон, Свети Ѓорѓи, беше изграден во 1835 година, но беше изграден врз темелите на црква од 16 век, која исто така беше посветена на Свети Ѓорѓи“, објаснува сестра Ефимија.

Комплексот вклучува четири различни манастири.

Моштите на Свети Ѓорѓи се чуваат во црквата, каде што аџиите доаѓаат да се молат за чуда.
 

Калуѓерки пеат верски песни за време на утринските молитви.

Македонската православна црква е најголемата христијанска црква во Македонија. Таа е независна од Српската православна црква од 1967 година.

Македонската православна црква не е призната од другите источно-православни цркви.

Калуѓерка се моли во црквата Свети Ѓорѓи Победоносец. Овој манастир и другите беа практично напуштени за време на комунистичката ера во поранешна Југославија, но оттогаш тие ја вратија својата поранешна убавина.