„Судењето на Навални“ на главната сцена во шведскиот кралски театар

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Претставата „Судењето на Навални“ на Кралскиот драмски театар во Стокхолм ја претставува битката на покојниот руски опозиционер против рускиот претседател Владимир Путин. Претставата се заснова на она што нашироко се гледа како политички мотивиран судски случај против Алексеј Навални, кој се вратил во Русија во 2021 година, откако преживеал напад со отров за кој ги обвини агентите на Кремљ. Судењето заврши со испраќање на Навални во затвор, каде што почина во февруари во сомнителни околности.