Израелскиот претседател повикува на „силен удар врз Иран“ додека нападите продолжуваат од двете страни
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Размената на оган меѓу Иран и Израел продолжи со напади насочени кон цивилни објекти во централен Израел, додека неговата војска тврдеше дека ги таргетирала контролните пунктови на милицијата Басиџ во Техеран. Во изјава за РСЕ, израелскиот претседател Исак Херцог рече дека неговата земја има за цел да продолжи со интензивната кампања за „отстранување на капацитетите на [Иран]“ за водење војна.