„Спасете ги нашите девојки“: Ирански фудбалерки бараат азил во Австралија
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Откако иранската женска фудбалска репрезентација одби да ја пее националната химна на нивната земја на натпревар од Азискиот куп, ирански државен телевизиски водител ги нарече „воени предавници“. Плашејќи се за својата безбедност доколку се вратат во Иран, пет од фудбалерките наводно го напуштиле својот тренинг камп во Австралија на 9 март за да побараат азил.