Резиме
- Во иранските градови има силно присуство на безбедносните сили откако антивладините протести стивнаа по бруталната репресија.
- Организациите за човекови права известуваат дека илјадници се убиени, а повеќе од 19.000 се приведени, додека континуираната блокада на интернет го ограничи протокот на информации надвор од земјата.
- САД го предупредија Иран за „тешки последици“ ако продолжи крвопролевањето, додека Русија се понуди да посредува во услови на регионални тензии.
Безбедносните сили во Иран, според извештаите, одржуваат силно присуство на улиците во делови од земјата додека протестите по повеќе од две недели стивнуваат откако властите започнаа нивно сузбивање при што загинаа илјадници Иранци, а беше прекинат и интернетот.
Извештаите укажуваат на тоа дека масовните протести, заедно со бруталните мерки што ги преземаа властите, се смируваат.
„Нашите независни извори потврдуваат силно воено и безбедносно присуство во градовите и местата каде што претходно се одржаа протести, како и на неколку локации каде немаше големи демонстрации“, соопшти организацијата за човекови права „Хенгав“ со седиште во Норвешка.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Иранка ги опишува неселективните убиства за време на задушувањето на протестите
Иранските власти спроведоа една од најнасилните репресии досега откако луѓето низ целата земја излегоа на улиците на антивладини протести, кои се смета за еден од најголемите предизвици за клерикалното владеење од Исламската револуција во 1979 година до денес.
Со речиси целосно прекинување на интернетот осми ден по ред, според информациите на организацијата NetBlocks, тензиите остануваат високи, а информациите што се добиваат оттаму се оскудни. NetBlocks укажа дека прекинот на интернет сега е подолг од оној што беше за време на протестите во 2019.
„Во 2019 година, дури откако беше обновена конекцијата, стана познат обемот на бруталната репресија“, додаваат оттаму.
Организациите за човекови права наведуваат дека има сè повеќе докази за масовни убиства на демонстранти од страна на иранските безбедносни сили откако протестите ескалираа на 8 јануари.
Независната организација за мониторинг на човековите права ХРАНА со седиште во САД соопшти дека според нејзините потврдени и верификувани информации од четвртокот, бројот на жртви во протестите се искачил на 2.677 демонстранти, додека повеќе од 19.000 други се приведени. Норвешката организација за човекови права „Иран Хјуман Рајтс“ (Iran Human Rights) соопшти дека нејзиното истражување покажало дека се убиени најмалку 3.428 демонстранти.
Видете и ова: Обединетите нации предупредуваат на растечка криза на неухранетост во АвганистанОрганизацијата „Хјуман Рајтс Воч“ (Human RightsWatch) објави дека почнувајќи од 8 јануари „безбедносните сили ја зголемија својата смртоносна репресија на координиран начин… што резултираше со големи размери на убиства и повреди на демонстранти и минувачи низ целата земја“.
Исто така, организацијата наведува дека строгото ограничувања на комуникациите ја отежнува независната верификација на целосниот обем на злосторствата. Многу групи посочија дека вистинскиот број на жртви е веројатно неколку пати поголем од бројките објавени досега.
Низ целиот Блиски Исток, тензиите се намалија и поради можноста за американски напади врз Иран поради репресијата.
Белата куќа на 15 јануари соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп и други официјални лица го предупредиле Техеран дека ќе има „тешки последици“ доколку продолжи крвопролевањето.
Во извештаите за случувањата во Иран се најавуваше и оти еден притворен демонстрант, 26-годишниот Ерфан Солтани, ќе биде погубен на 14 јануари, шест дена по неговото апсење под обвинение за „водење војна против Бога“ поради неговата улога во протестите.
Сепак, групите за човекови права соопштија дека тоа не се случило по предупредувањето од Трамп. Иранскиот судски медиумски центар подоцна соопшти дека информациите оти Солтани се соочува со погубување биле „измислени“ и дека тој е обвинет за „собирање информации и договарања против внатрешната безбедност на земјата и пропагандни активности против режимот“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Трамп ги разгледува опциите за Иран додека продолжуваат смртоносните протести
Трамп не објасни какви мерки би можеле да преземат САД против Иран и кога, а дел од персоналот е советуван од Вашингтон да ја напушти главната американска воздухопловна база во регионот.
Ова следуваше откако Техеран ги предупреди соседните земји каде што се сместени американски трупи дека ќе возврати врз американските бази доколку Вашингтон ги спроведе своите закани.
Рускиот претседател Владимир Путин молчи за случувањата во Иран уште од започнувањето на протестите.
На 16 јануари, Кремљ соопшти дека Путин дискутирал за ситуацијата во Иран во одделни разговори што ги имал со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, наведувајќи дека Москва е подготвена да посредува.
Русија долго време е сојузник на Техеран, кој пак ја поддржува Москва во нејзината целосна инвазија на Украина, особено со снабдување со воена опрема како што се беспилотни летала.