Тепачка во парламентот на Грузија и масовни демонстрации против Законот за „странски агенти“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Илјадници Грузијци протестираа во Тбилиси на 15 април, откако пратениците повторно го разгледуваа предлог-законот со кој се бара од организациите финансирани од странство да се регистрираат во владата. Владејачката партија претходно го поддржа контроверзниот закон за „странски агенти“ во 2023 година, а потоа го повлече како реакција на претходните масовни протести. Додека пратениците го предлагаа законот, дојде до тепачна во парламентот.