Историски моменти на движењето за граѓански права

Натаниел Стјуард во училиште во Вашингтон 21 мај 1954.

Адвокатите Тургуд Маршал, Џорџ Хајс и Џејмс Небрит ја прославуваат одлуката на судот со која се прогласува за неуставна расната сегрегација во училиштата. 17 мај 1954. 

Четиринаесет годишниот Емет Тил од Чикаго бил на пат кон Мисисипи кога бил киднапиран, претепан и убиен. Напаѓачи биле двајца белци кои изјавија дека го убиле бидејќи свиркал по бели жени. Тие беа ослободени од судот. 

Активистката за човекови права Роса Паркс со доктор Мартин Лутер Кинг во 1955 година. Таа не го послуша барањето на возачот на автобус да му го отстапи местото за седење на еден белец, поради што беше уапсена. 

Роса Паркс со новинар во автобус во Монтгомери, Алабама во 1956 година по одлуката на судот дека расната сегрегација во јавниот превоз е неуставна. 

Деветмина афроамериканци во придружба на воени сили во едно училиште во Арканзас. Претседателот Ајзенхауер им нареди на владините сили да ги заштитат децата кои почнаа да одат во училишта за белци. Гувернерот на Арканзас претходно и нареди на полицијата да им забрани влез на децата. 

Кампања на регистрирање избирачи во Мисисипи 1964 година. 

Активисти на движењето за граѓански права. Њујорк 23 август 1963.  

Мартин Лутер Кинг заедно со учесниците на маршот во Вашингтон на 28 август 1963. 

Вашингтон, 28 август 1963. 

Американскиот претседател Линдон Џонсон и Мартин Лутер Кинг по потпишувањето на историскиот докумет за грашанските права во Белата куќа 2 јули 1964. 

Корета Скот Кинг со децата ги предводи протестите во Мемфис на 9 април 1968, пет дена откако нејзиниот сопруг беше убиен во атентат.

Марш за сиромашните, Вашингтон 19 јуни 1968.