Филмот „Господин Никој против Путин“ - за млад руски наставник кој тивко се спротивставува на војната на Кремљ против Украина - го освои Оскарот за најдобар документарен филм, на 98-то доделување на филмските награди „Оскар“.
Филмот, во режија на Дејвид Боренштајн и наставникот Павел Таланкин, го следи Таланкин додека работи во училиште во сиромашниот рударски град Карабаш на Урал.
Филмот користи снимки направени од Таланкин во период од две години за да покаже како руската влада на претседателот Владимир Путин ги индоктринира учениците со провоени пораки.
На барање на руското Министерство за образование, Таланкин, кој има 35 години, помогна во снимањето на провоените пропагандни напори во основно училиште во Карабаш. Но, претставниците на Министерството не се сомневаа дека тој ќе ги претвори своите снимки во документарец за руската кампања за „патриотско образование“ за учениците.
Таланкин го документира сопствениот прогон и на крајот прогон во филмот, кој The Hollywood Reporter го нарече „трогателна, интимна хроника“.
„Господин Никој против Путин“ е за тоа како ја губите вашата земја, а она што го видовме додека работевме со овој материјал е дека ја губите преку безброј мали, ситни акти на соучество“, рече режисерот Боренштајн на сцената, стоејќи до Таланкин.
Видете и ова: Новите учебници по историја во Русија-пропаганда за подготовка за војна„Кога сме соучесници, кога владата убива луѓе на улиците на нашите големи градови, кога не кажуваме ништо, кога олигарсите ги преземаат медиумите и го контролираат начинот на кој ги создаваме“, додаде Боренштајн.
„Нереално е“
Пред церемонијата во Лос Анџелес, Таланкин рече:
„Да ми кажевте пред две години дека работите ќе бидат вакви, ќе ви се смеев во лице. Нереално е - вакви работи едноставно не се случуваат“, рече тој.
Таланкин, познат и како Паша, избегал од Русија во летото 2024 година со хард дисковите што ќе станат основа на документарниот филм.
Таланкин се сретнал со Боренштајн преку интернет, изјавил тој за CBS, и снимал две години додека Боренштајн режирал од далечина од Европа.
Во февруари, филмот ја освои и наградата БАФТА во Лондон за најдобар документарен филм.