Гласачи надвор од Русија во редици на протестите „Пладне против Путин“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Руските гласачи кои живеат во странство формираа долги редици пред избирачките места во амбасадите на 17 март, како дел од протестот „Пладне против Путин“ на последниот ден од гласањето на претседателските избори во Русија. Илјадници луѓе се собраа пред руските амбасади во Јапонија, Тајланд, Казахстан и Грузија напладне откако руската опозиција ги повика луѓето да излезат на гласање во исто време. Тоа беше дел од протестот против претседателските избори кои беа широко отфрлени како шарада на која се очекува да победи актуелниот претседател на Кремљ, Владимир Путин.