Песните на 5-годишно девојче станaa вирални додека нејзиниот дедо ја брани Украина

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Петгодишната Злата Птиција од украинскиот град Межова, кој е на првата линија, чита песни за ракети, експлозии и губење на својот дом. Нејзините видеа станаа вирални, а гледачите ја фалат колку длабоко ги чувствува тие зборови. Руски беспилотни летала уништија училишта, градинки, продавници и болница во нејзиниот роден град, принудувајќи го нејзиното семејство да избега. Дедото на Злата, кој беше ранет додека ја бранеше Украина, и неговите соборци беа трогнати од нејзината поезија.