Блокади на транспортерите: “Не“ за Шенген правилата за престој
Возач на камион става натпис „Протест“ на својот камион за време на блокадата на превозниците на граничниот премин Богородица, на македонско-грчката граница.
Блокиран граничниот премин „Богородица“.
Стотици компании од транспортната дејност се противат на новата евиденција на Системот за влез/излез (ЕЕС) на професионалните возачи на граничните премини при транспорт низ земјите од Европската унија.
Професионални транспортери на преминот Батровци, на границата меѓу Србија и Хрватска за време на протестот против правилата за престој во Шенген зоната.
Возачи на камиони на преминот Батровци меѓу Србија и Хрватска.
Систем поради кој протестираат превозниците е воспоставен на надворешните граници на Шенген-зоната и започна да се применува постепено од 12 октомври 2025, а треба целосно да се имплементира до 10 април 2026 година.
Камионџија на блокада на македонско-грчката граница.
Правилото „90/180 дена“ во овој Шенген систем значи дека транспортерите од Северна Македонија можат да бидат во Шенген-зоната најмногу 90 дена во вкупно 180 дена.
Стотици камионџии денеска ги блокираа товарните гранични премини од Северна Македонија кон земјите од ЕУ.
Возачите од Северна Македонија, како и другите во регионот, се соочуваат со депортации откако ќе им поминат 90 дена во Шенген зоната, велат од македонското здружение на транспортери Макам-транс.
Откако почна да функционира електронскиот систем на ЕУ, ригорозно се следи престојот во Шенген-зоната. Компјутерот со биометриски податоци точно ги сумира сите денови - од време на тура, паузи на паркинг и чекање на граници.
„Проблем имаат транспортните фирми бидејќи не можат да направат доволно тури, возачите ќе мора да одмараат. Сите што возат подлабоко во Европската унија, остануваат повеќе денови. Сите тие ќе имаат проблем, а тоа се околу 70 насто од фирмите во државата“, вели сопственик на транспортна компанија од Скопје.
Во Северна Македонија, мобилизацијата за блокадите ја потегна „Макам -транс“, најголемо здружување на работодавачи на превозни трговски друштва во државата. Денеска, тие очекуваат масовност на граничните премини со преку 300 превозници.