Андоновски: Прво формирање на органите и телата на ВМРО-ДПМНЕ, потоа владина реконструкција

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во интервју за РСЕ вели дека по партискиот конгрес, ВМРО-ДПМНЕ треба да се избере генерален секретар, членови на извршниот, централниот и општинските комитети, а потоа би следувала евентуална реконструкција на владата. Во однос на прашањето за можни предвремени парламентарни избори, Андоновски вели дека партијата смета оти треба да се одржат во 2028 година.