Курмашева го опиша рускиот затвор - без простор за движење

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Судот во рускиот град Казан донесе одлука за продолжување на притворот на новинарката на РСЕ, Алсу Курмашева, до 5 јуни и го одби нејзиното барање да биде префрлена во домашен притвор. Таа е обвинета за тоа што не се пријавила како „странски агент“ и за ширење дезинформации за руската војска, обвиненија кои нашироко се сметаат за одмазда за нејзината новинарска работа. Појавувајќи се на суд на 1 април, Курмашева, двојна државјанка на САД и Русија, ги опиша лошите услови во затворот и рече дека нејзиното здравје се влошило бидејќи немала пристап до лекување.