Лавров во Македонија

Рускиот министер ѕа надворешни работи Сергеј Лавров

Важна посета која треба да стави акцент на економската соработка - домашните експерти за посетата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров на Македонија.
Рутинска посета која треба да стави акцент на економската соработка меѓу Руската Федерација и земјите од регионот. Вака домашните експерти ја коментираат посетата на првиот човек за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во земјава и регионот. Поранешниот амбасадор на
Нашите политичари се зафатени со евроатлантските интеграции, со блокадите и уцените со кои сме таму соочени и не оделуваат доволно внимание за диверсификација на односите со другите важни меѓународни
фактори.
Македонија во Русија, Ристо Никовски вели дека посетата на Лавров е добредојдена.

„Нашите политичари се зафатени со домашните проблеми, со евроатлантските интеграции, со блокадите и уцените со кои сме таму соочени и не оделуваат доволно внимание за диверзификација на односите на земјава со другите важни меѓународни фактори.“

Евроатланската определба на земјата не влијае на односите со Русија, посочува Никовски.

„Нашата ориентација кон НАТО и ЕУ воопшто не е пречка за Москава и тука остава простор за секаков развој на односите со Руската Федерација.“

Со ваквиот став се согласува и професорот по меѓународни односи, Назми Малиќи. За Русија, Балканот не е интересен од стратешки, туку од економски аспект, се согласуваат Малиќи и Никовски.

Претседателот Ѓорге Иванов на средба со неговиот руски колега Дмитриј Медведев за време на Економскиот форум во Санкт Петерсбург на 18 јуни 2010

„Руската Федерација е во тек на градење на нивни дипломатски односи и соработката со НАТО и во Советот на НАТО кои се доста значајни со нивниот комитет, значи во таа институционална соработка што ја имаат со НАТО“, вели Малиќи.

„Руската Федерација е концентрирана на развој на економската соработка, сака да ги валоризира своите компаративни предности, а тоа е богатството
Руската Федерација е концентрирана на развој на економската
соработка.
со енергенси и на тој план е исклучително успешна“, вели Никовски.

Лавров доаѓа во Македонија по седум години, а во рамките на својата балканска турнеја, која ги опфаќа Србија, Црна Гора и Словенија. Лавров во Охрид ќе стави потпис само за планот за консултации меѓу министерствата за двете земји, а во име на Русија ќе предаде копии од архивски документи кои за земјава имаат големо историско и национално значење.
Договорот за соработка меѓу двете земји, ќе биде потпишан до крајот на годината, за време на посетата на висока македонска делегација во Москва.