Анти-владин протест во Белград

Српската напредна партија, денеска во Белград организира анти-владин протест со барање за предвремени избори. Лидерот на партијата Томислав Николиќ изјави дека по демонстрациите, претседателот Борис Тадиќ ќе нема друг избор освен да закаже предвремени избори. Николиќ неделава разговараше со претседателот Тадиќ, но не беше постигнат договор за избори.